Шерон Стоун минатиот викенд беше гостинка на ревија на висока мода на „Долче и Габана“, на која италијанското дуо ја презентира новата линија за мажи.
Холивудската ветеранка (64) ги поздрави фановите кога пристигна на настанот, кој се одржа во Сиракуза, Италија.
Ѕвездата на „Ниски страсти“ елегантна како и секогаш, за оваа прилика се реши за комбинезон во лимон боја без рамо, долг опаш и црн ремен по должината на половината. Креацијата вклучува градник со сребрени светки.
Шерон важи за дама која успешно му одолева на тестот на времето.