Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден, објави вечерва МНР.
„Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население. Нашите претставништва остануваат во интензивен контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатиот, и секоја информација навремено ќе биде пренесена“, се вели во соопштението од МНР.