ВМРО-ДПМНЕ: Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука

Од:

Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ порачуваат од опозициската партија.

– Ковачевски ги тера пратениците од СДСМ и помалите партии од коалицијата да гласаат за предлогот во Собрание, затоа што сака да сподели одговорност со пратениците кои ги гледа само како гласачка машина. Тоа што власта го става предлогот на дневен ред во Собрание е само театар. Ковачевски, СДСМ и ДУИ немаат 2/3 мнозинство и нема да имаат. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени. Овој предлог на Ковачевски е на штета на Македонските интереси, и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат. СДСМ треба да знае дека што и да прават Уставот не може да го сменат. ВМРО-ДПМНЕ е на линија на националните интереси и нема да дозволи бугаризација по рецептот на Ковачевски се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога