Германија ќе престане да купува руски јаглен на 1. август, нафта на 31. декември

Од:

Германија од 1 август целосно престанува да купува руски јаглен, додека нафта од Русија од 31 декември, што е голема промена во начинот на енергетското снабдување, изјави заменик-министерот за финансии Јоерг Кукиес на прес-конференција во Сиднеј.

„За неколку недели нема повеќе да имаме руски јаглен. Клучниот предизвик што претстои ќе биде пополнување на огромната празнина што ќе остане кога Европската унија ќе се откаже од 158-те милијарди кубни метри гас што годишно ги испорачува Русија“, рече Кукиес во обраќањето пред учесниците на енергетскиот форум во Сиднеј организиран од австралиската Влада и Меѓународната агенција за енергија.

Тој потесети дека претходно Германија до 40 проценти од своите потреби за нафта и јаглен ги надоместувала токму од Русија.

„Секој што ја знае историјата на нафтоводот ’Дружба’ кој беше алатка на советската империја над Источна Европа, знае дека ослободувањето од таа зависност не е безначајна работа, но тоа ќе го постигнеме за неколку месеци“, нагласи Кукиес.

Тој посочи дека Германија забрзано развива терминали за увоз на течен природен гас (ЛНГ) за да помогне во пополнувањето на празнината во снабдувањето со гас, но иако САД и Катар заедно би можеле да испорачаат околу 30 милијарди кубни метри гас во форма на ЛНГ за Европа, тоа не е сепак доволно.

„Иако Германија е фокусирана на транзиција кон нето нула емисии и неодамна усвоена легислатива за забрзување на развојот на проекти за обновлива енергија, гасот ќе биде клучен за тој исчекор“, рече Кукиес.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија