Воведени две дополнителни редовни автобуски линии на ЈСП – Скопје

Од:

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.

Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно.

Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по ул. 1646, ул. Благоја Стефковски, бул. Александар Македонски, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори Македонски, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски и бул. Мајка Тереза и обратно.

Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

Би можело да ве интересира

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски

МВР: Возач на ЈСП истепал малолетник