Италија: По екстрадицијата албанските криминалци со поткуп се ослободуваат од затворите

Од:

Во најновиот извештај на италијанското Министерството за правда наведени се проблемите поврзани со екстрадицираните албанските криминалци.

Во извештајот за борбата против криминалот и шверцот со дрога, италијанските власти наведуваат дека албанските криминалци се екстрадираат, се ставаат во затворите во Тирана и во Валона и потоа ги напуштаат ќелиите откако ќе платат поткуп.

– Албанските криминалци настојуваат сите да бидат префрлени во затворите во Тирана или Валона, бидејќи тогаш, многу од нив, плаќајќи, излегуваат кога сакаат. Албанската тема за италијанската правда е со ретка и интензивна сложеност, можеби како малку други, се наведува во извештајот.

Во извештајот исто така се додава дека нема сомнеж оти големиот број на Албанци осудени во Италија, во списокот на Министерството за правда се поврзува исклучиво со рути за шверц на дрога.

– Пред неколку години, албански криминалци беа доминантни во трговијата со марихуана, која главно ја внесуваа од Албанија. Денес подеднакво се занимаваат со јужноамериканските наркотици како софистицирани менаџери, газди кои бараат простор и моќ. Тие создадоа свои мрежи за кокаин од Бразил, Аргентина, Боливија, па дури и Чиле, се посочува во извештајот на италијанското министерство за правда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага