Се огласи МНР: Конзулатот во Солун е во контакт со семејствата, грчките власти продолжуваат со потрагата по третиот наш државјанин

Од:

По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување информираат од Министерството за надворешни работи.

– Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода се вели во соопштението од МНР.

Од таму велат и дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел