ВИДЕО: Македонец спасен на Халкидики, се трага по уште двајца

Од:

Македонски државјанин е извлечен од морето од грчките спасувачки служби во Посиди на првиот крак на Халкидики откако три лица кои биле на плажа влегле да се капат и ги однела силната струја. Едно момче на 25 години е извлечено и е во добра здравствена состојба.

Пренесен е во болница. Според грчките медиуми, тие била на роденденска забава и скокнале во морето. Се работи за локација на која морските струи се многу силни.

Продолжува потрагата по уште двете лица за кои дел од грчките медиуми исто така пишуваат дека се Македонци. Засега нема официјална потврда за оваа информација. Двајцата по кои се трага се на возраст од 23 и од 24 години.

Сведоците објаснуваат дека тројцата одеднаш исчезнале од видокрут. Веднаш биле алармирани надлежните служби. Во потрагата покрај бродовите на крајбрежната стража вклучен е и хеликоптер како и приватни чамци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шокантна приказна на Иван за битката со брановите: Тоа ми беше најлошиот роденденски подарок

Ана Ололовска

Прекинува потрагата по Мартин: Да почекаме морето да ја заврши работата и да ни го врати

Катерина Ѓуровски

Шорцови пронајдени во алги на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин

Ана Ололовска

Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Горан Наумовски

Потрагата по Мартин Јовановски продолжува и утре

Горан Наумовски

МНР: Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Предраг Петровиќ