Пожарот кој попладнево го зафати предградието на Пула е ставен под контрола, а не ги зафатил куќите, туку неколку помошни објеки објавија надлежните, а пренесуваат хрватските медиуми.
Изгорени се 30 хектари шума. Нема повредени информираат од противпожарната служба. Велат дека се очекува наскоро пожарот да биде изгснат.
Поради пожарот во голем дел од градот немаше струја. Во гасењето се вклучени 70 пожарникари со 20 возила и со три канадери.