Тивка патриотска музика, македонски знамиња и исвиркување на Владата. Ваква е атмосферата на Илинденска, односно скопската блокада. Со автомобили е спречен сообраќајот на почетокот на булеварот и на раскрсницата со булеварот „Климент Охридски“.
На средината се поставени столици и шатор. Барокната зграда ја чува полицијата, на која демонстрант им вика: „Кого чувате, што браните?”. Присутни се и специјалци за брзи интервенции.
Граѓаните носат и транспаренти со „не” кое се однесува на францускиот предлог. Присутни се и политичари од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Христијан Мицкоски, лидер на партијата, како и Димитар Апасиев заедно со претставници од Левица.
Блокадата пред Владата трае седми ден.