Бајден со намера да укине дел од царините воведени за Кина од претходникот Трамп

Од:

Претседателот Џо Бајден може да објави укинување на некои од царините воведени од претходникот Доналд Трамп врз Кина во 2018 година, кога тој започна трговска војна со неа, а со намера да се намалат инфлаторските шокови врз американските потрошувачи.

Потегот ќе овозможи на Администрацијата одреден успех во намалувањето на ефектите на инфлацијата, иако тоа може да биде незначително.

Според некои експертски мисења, очекувањата се дека царините за некои стоки што немаат врска со националната безбедност ќе бидат веднаш укинати и дека Администрацијата ќе го рестартира процесот што овозможува бизнисите да поднесат петиција за „исклучувања“ на одредени стоки, што дополнително би можело да ги укине царините, а по сценарио „случај по случај“.

Политико објави дека власта смета на првично укинување на царините во вредност од околу 10 милијарди долари. Ако е точно, тоа би претставувало многу мал дел од царините во вредност од 370 милијарди долари наметнати врз кинески стоки за време на администрацијата на Трамп.

Администрацијата на Бајден е под притисок од бизнис заедницата да го разреши ова прашање – царините во пракса делуваат како данок за американските потрошувачи, а тоа прави цените на многу производи да бидат повисоки.

Во голем број јавни изјави, во изминатите месеци Администрацијата покажа подготвеност барем да размисли за повторно разгледување на царините, но застапниците досега залудно чекаа конкретен предлог.

Еден од тие застапниции е и министерката за финансии Џенет Јелен.

-Оваа администрација наследи низа … царини наметнати од администрацијата на Трамп, кои мислам дека навистина не беа дизајнирани да служат на нашите стратешки интереси, изјави таа неодамна.

Таа додаде дека се разгледува прашањето и се бара реконфигурирација на тие царини на начин кој би бил постратешки.

Според соопштение на Министерството за финансии на САД, Јелен и кинескиот вицепремиер Лиу Хе завчера разговарале за царинските тарифи за време на видеоконференција. Во сабота, на своето работна посета на некои азиски земји, државниот секретар Антони Блинкен треба да се сретне со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, при што некои од темите за дискусија ќе бидат и санкциите.

А подоцна во јули се очекува разговор и меѓу Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36