СДСМ: Не успеа крвавото сценарио на Мицкоски

Од:

Христијан Мицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио, крваво сценарио со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса, кое на крајот не успеа. Мицкоски синоќа не беше мета туку само ја одигра најлошата улога за државата и за граѓаните, соопшти СДСМ.

„Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која се обидува да прикаже некакви меѓуетнички тензии кои всушност се предизивикани од највиоски претстаници на партиите во опозиција. Цуфи Кока е личноста која според крвавото сценарио на Мицкоски треба да глуми негов напаѓач и истото лице вчера беше приведено веднаш.

Се работи за човек кој е брат на висок член на коалицискиот партнер на Мицкоски, Алијанса, кој беше назаначен за директор на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Станува збор за братот на претседателот на огранокот на Алијана во Чаир и главен фунцкионер во кампањата на Данела Арсовска. Тоа се гледа и од фотографиите објавени во прилог. Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и ова крваво сцнарио кое синоќа не успеа.Тие воопшто и немаат друга стратегија освен крериање тензии, конфликт и страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе за своите политички цели, спремни се да ја запалат цела држава. Тоа нема да го дозволиме. Не се во прашање никакви меѓуетнички тензии туку политичко крваво сценарио кое веќе го имаме гледано“ велат од владејачката партија.

Оттаму апелираат до граѓаните да не подлегнувааат на вакви конструкции, повикуваат на смиреност, а институциите да си ја завршат работата и сите инволвирани да одговараат пред законот.

Нема да дозволиме дестабилизација и сите нивни деструктивни сценарија повторно ќе бидт поразени, порачаа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години