(ВИДЕО) Русите објавија снимка: Ова е оружјето што го оставија Украинците во Лисичанск

Од:

Министерството за одбрана на Русија објави видео за кое вели дека прикажува оклопни возила напуштени од украинските сили во неодамна окупираниот Лисичанск.

На снимката се гледаат оштетени оклопни возила, камиони и оклопни транспортери. Покрај некои улици има ископани ровови. Руското министерство тврди дека овие снимки индиректно укажуваат на тоа дека вооружените сили на Украина планирале да водат долготрајни улични битки, но на крајот одлучиле да се повлечат.

Во неделата рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информираше рускиот претседател Владимир Путин дека руските сили воспоставиле контрола над Лисичанск и блиските населби.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков