Вучиќ: Драго ни е што ЕП не прифати прекин на преговорите со Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е задоволен што Европскиот парламент (ЕП) не го прифатил предлогот за прекин на пристапните преговори со Србија поради ставот за војната во Украина, но и да официјален Белград ќе продолжи да се однесува во согласност со интересите на државата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаше обиди на некои членови на ЕП да се изгласа прекин на преговорите со Србија. Драго ни е што тоа не беше изгласано, затоа што ќе беше погрешно, и благодарност до мнозинството во ЕП што тоа не го прифати… Но, еднаш реков – секој да си ја работи својата работа. Ако мислат дека некого треба да молиме за нешто – нема, изјави Вучиќ на новинарите во Ивањица.

Тој кажа дека е многу важно Србија да е на европскиот пат, но и дека е важно да има слобода и право да размислува за своите интереси.

Вучиќ рече дека му е се потешко да разговара со многу луѓе на светската политичка сцена бидејќи многумина од нив веруваат дека се во војна и дека нема разговори ниту за некои очигледни работи.

Претседателот на Србија ги демантираше пишувањата на медиумите дека била договорена негова средба со премиерот на Косово Аљбин Курти во Брисел, иако додаде дека Србија не бега од дијалог, бидејќи сака мир и развој, а не конфликти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он