Заев: Нека ни е честит денот на Армијата

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Македонија, упати честитка до припадниците на АРМ и граѓаните.

„Дозволете ми, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, да упатам честитка до сите припадници на АРМ, по повод Денот на Армијата на Република Македонија. Веќе дваесет и една година, АРМ е браникот на одбраната и заштитата на земјава, a со својот професионализам во извршувањето на задачите, нејзините припадници успешно придонесуваат за регионалната безбедност и мир во светот. Сите ним сме им должни неизмерна благодарност за посветеноста во постигнатите успеси внатре и надвор од земјава, со што АРМ е гарант за опстанокот на државата и чинител на мирот и стабилноста“ – се вели во честитката од Заев.

Тој истакнува дека денеска е повеќе од јасно дека АРМ е важен столб на независноста на нашата земја, како и еден од главните фактори во зачувувањето на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија.

„На Армијата на Република Македонија ѝ посакувам многу успеси во иднина, секогаш да биде во готовност да го покаже својот капацитет, а со тоа да обезбеди постојан напредок во општеството и да придонесе за афирмација на Република Македонија на меѓународен план. Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Македонија.“ – истакна Заев во честитката по повод 18 Август.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!