Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање наведе дека Киев ќе ги врати загубените територии.
Тој ја предупреди Русија дека Украина „ќе стигне до ниво кога воената надмоќ на окупаторот ќе биде поништена“.
Според Зеленски со се поголемите резерви западно оружје, Украина ќе ги врати загубените територии, вклучително Лисичанск и другите градови во Донбас.
Ќе ги вратиме благодарение на нашата тактика, благодарение на зголемената понуда на модерно оружје. Постепено одиме напред во Харковската Област. Ќе дојде денот кога ќе го кажеме истото за Донбас, посочи Зеленски.