Каевски: Анти ЕУ коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев

Од:

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата. Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди.Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. Мицкоски јавно призна дека не сака во ЕУ, а Апасиев сонува за Русија. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мисли добро на државата, напротив тие сакаат државата да биде изолирана, внатрешно поделена и наместо европска, да има несигурна и неизвесна иднина рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Мицкоски: Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата

A1on

Хибриден напад се пораките дека водата во Скопје е загадена, рече Мицкоски

A1on

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите