Зеќири оздраве истиот ден кога Апелација реши да излезе од затворот во Шутка

Од:

Мухамед Зеќири оздравел и бил отпуштен од болница вчера, веднаш откако Апелација донесе одлука за тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари и да биде преместен во домашен притвор. По скоро еден месец лекување, тој добил отпусно писмо од Инфективната клиника, околу два часа, откако доби поблага мерка за обезбедување присуство. Бил префрлен до затворот „Скопје“ од страна на затворската полиција, а потоа, припадници на МВР го префрлиле во домашен притвор.

„А1он“ се обрати до неговиот адвокат Александар Трајковски за тоа дали станува збор за коинциденција што Зеќири е пуштен од притвор истиот ден кога тој доби одлука да излезе од затворот, но тој кажа дека нема да дава изјави до понеделник. Се обративме и до директорката на Инфективната клиника, каде Зеќири се лекувал, за тоа дали осомничениот ексгенерален секретар на Влада сам барал да ја напушти болницата или тоа било одлука на докторите, но таа не одговори на нашиот повик.

Иако еден месец се лекуваше на Инфективна, остана непознато поради која дијагноза беше задржан во болницата. За ова го прашавме и адвокатскиот тим, кој пред десетина дена посочи дека не ја знаат дијагнозата. Но, посочија дека здравјето на Зеќири е сериозно нарушено. Обвинителката Катерина Коларевиќ која го гони Зеќири и бараше негов притвор, не само што не знаеше која е дијагнозата, туку не била ниту известена дека тој е на лекување и дознала од медиумите. Кривичниот суд и по пет дена, не одговори на нашите прашања.

Апелација вчера му изрече поблага мерка на Зеќири. Од ефективен, му одреди куќен притвор и одземање на патна исправа.

Меѓу причините со кои се бараше укинување на ефективниот притвор е тоа што Зеќири тврди дека секогаш соработувал со органите на прогонот, има фамилија во Македонија, дека ако сакал да бега имал година и половина за тоа, дека не може да влијае на сведоци кои и за Обвинителството се непознати. За тврдењето на Обвинителството дека Зеќири може да избега бидејќи родителите на неговата сопруга живеат во Германија, осомничениот имаше кажано: „Тие живеат со нас, во Македонија, не се во Германија“.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишува во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври