Хуан Пабло Монтоја, некогашен формула 1 пилот, ги критикуваше новите промени во „октанскиот циркус“, велејќи дека со нив овој спорт станува здодевен.
Тој смета дека премногу внимание се посветува на безбедноста, но тоа не е во корист ниту на возачите, ниту на гледачите.
„Со новите технологии како КЕРС и ДРС сега возачите воопшто не морат да научат да претекнуваат. Сега е доволно да се наместат до другиот болид, да притиснат копче и да го поминат на рамнината. Во последните неколку години многу повеќе слушам за безбедноста, отколку за возбудата во Формула 1. А тоа, мислам дека носи негативен ефект. Станува здодевно, дефинитивно е така“, изјави Хуан Пабло Монтоја.