Патријархот Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово

Од:

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј на денешната литургија по повод еден од најголемите празници на српските православни верници, Видовден, ги повика неговите сонародници на „мир со браќата Албанци“, јави дописникот на МИА од Приштина.

На литургијата во манастирот во Грачаница во Косово, Порфириј порача дека соживотот со Албанците е неопходен и дека „не треба да се слушаат другите за тоа како треба да се градат пријателските односи со Албанците“.

– Ние сме повикани да бидеме браќа со Албанците, затоа што живееме тука со нив. Единствено во заедништво можеме да бидеме на Божјиот пат, затоа што сите сме му потребни еден на друг и затоа што никој не може да направи ништо без никого… Да не дозволиме другите да не учат за тоа, рече поглаварот на СПЦ.

Според косовските медиуми на албански јазик, Порфириј се користел и со „националистички речник“, кога рекол дека „Косово е местото каде што е родено сé српско“.

– Ние знаеме дека кога доаѓаме тука сме се вратиле на свое, затоа што тука е Косово и Метохија, тука е нашето родно место, ние потекнуваме од тука, родени сме тука, изјави Порфириј во Грачаница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија