Приведено лице барано со потерница, осудено на речиси шест години казна затвор

Од:

Приведено е лице кое било барано со централна потерница, осудено на 70 месеци казна затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (28.06.2022) во 12.45 часот на ул.„Дижонска” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(39) од Скопје.

Тој бил баран по Централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он