Турската полиција денеска интервенираше на Парадата на гордоста во Истанбул и уапси десетици лица, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес.
Полицијата пред почетокот на Парадата упадна во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваше ЛГБТ активисти и новинари. Според невладините организации уапсени се 52 луѓе.
Претходно, полицијата издаде забрана за одржување собири на отворено и на затворено во трање од седум дена.
Како и секоја година, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици демонстранти со знамиња во боја на виножито се собраа на улиците околу плоштадот Таксим.