Бајден Џонсон: Г7 и НАТО мора да се држат заедно по прашањето на руската агресија на Украина

Од:

Групата Г7, чии лидери се собраа денеска на самитот во Баварија, и НАТО алијансата мора да останат заедно по прашањето за руската агресија врз Украина, изјавија американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон.

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД, седумте индустриски најразвиени земји во светот, пристигнаа денеска на самитот на Г7 што ќе се одржи во Баварските Алпи.

„Мораме да останеме заедно“, рече Бајден на самиот почеток на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин од самиот почеток сметал дека ќе има раскол меѓу НАТО и Г7, но дека тоа нема да се случи.

„Мислам дека можеме да го надминеме ова и да излеземе посилни“, рече Бајден, алудирајќи на заедничкиот одговор на земјите-членки на НАТО и Г7 на руската инвазија.

Пред самитот, британскиот премиер Џонсон, исто така, ја истакна важноста на Западот да го задржи единството со Русија. Тој верува дека светските лидери мора да ги препознаат и да ги признаат трошоците за поддршката на Украина, вклучително и зголемувањето на цените на енергијата и храната, но и да сфатат дека би платиле многу повисока цена ако и дозволат на Русија да победи.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски