Шмит: Додик ме покани на неговиот имот, прво ќе работиме потоа ќе пиеме ракија

Од:

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, чиј легитимитет го оспоруваат политичарите на Република Српска, во интервју за телевизијата БН рече дека членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, го поканил на неговиот имот.

Имотот на Додик се наоѓа во Бакинци кај Лакташи, а Шмит вели дека засега не ја прифатил поканата, пренесува Аваз. Шмит истакна дека тој и Додик се познаваат со години. На прашањето дали сè уште е оспоруван од одредени политички структури, Шмит одговара дека не треба да се обрнува толку внимание на оние кои се занимаваат со оваа тема.

„Можам само да кажам дека сум во целосна функција, дека настапував во Советот за безбедност, одам во Белград и таму сум прифатен од Александар Вучиќ и патријархот. Кога имам благослов од црквата, тогаш мора да биде тоа “, рече високиот претставник во БиХ.

Шмит додава дека дури и Руската Федерација го признала во Советот за безбедност на ОН како експерт за БиХ. Тој вели дека се чувствува задоволно, но не му се допаѓа што темите треба да се дискутираат настрана. Тој се осврна на неговиот однос со Додик.

“Милорад Додик и јас се знаеме со години, имам покана да дојдам на неговиот приватен имот. Можеби подоцна ќе разговараме за тоа. Прво ќе работиме, јас сум Германец, а потоа ќе пиеме ракија” вели Шмит.

Би можело да ве интересира

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ