Додик за изјавата на германскиот канцелар дека може да му се верува: „Боже сешто!

Од:

Членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Германија го спречила кандидатскиот статус на БиХ, а дека сега германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека БиХ може да и верува на Германија.

„Слушнавме се во претходните денови. Германија го спречи кандидатскиот статус на БиХ гласајќи против, а сега го слушаме германскиот канцелар Шолц дека БиХ може да и верува на Германија. Боже сешто“, напиша Додик на Твитер.

Шолц посочи дека Германија ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан за влез во ЕУ.

Германија, Холандија и Франција беа против кандидатурата на БиХ за членство во ЕУ на самитот ЕУ-Балкан во Брисел.

Би можело да ве интересира

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Додик: Владата е стабилна, Република Српска не е безбедносно загрозена

Додик доби забрана за влез во две европски земји

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска