Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик.
„Кој е тој јазик, знае ли некој? Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“, пишува преведувачот кој дополнително сподели и дека реагирал во однос на предлогот.
Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел не нарече „Северномакедонци“, по што министерот Буjар Османи оцени дека Макрон направил ненамерна грешка.