Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор од скоро 11 години

Од:

Приведен е криминалец кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од скоро 11 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (22.06.2022) во 14.30 часот на ул.„Перо Наков” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(37) од Скопје. Тој бил баран со Централна потерница за издржување на казна затвор од 10 години и девет месеци во казнено-поправната установа Затвор Идризово за сторено кривично дело по член 236 и член 22 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за издржување на казната“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он