Јоксимовиќ: Поради невоведување санкции кон Русија, Србија нема да го отвори Кластерот 3

Од:

Српската министерка за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ изјави дека Србија не замижува пред она што се случува во Украина и дека е свесна за барањето за воведување санкции кон Руската Федерација, но дека тоа е тешко за Србија поради што во Брисел нема да го отвори кластерот три во преговорите со ЕУ, за кој е спремна, јави дописникот на МИА Белград.

Кластерот 3 или „конкурентност и раст“ се однесува на информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економската и монетарната политика, социјалната политика и политиката за вработување, индустриската и претприемничката политика, науката и истражувањето, образованието и културата, како и царинската унија.

Јоксимовиќ истакна дека во Украина војуваат два блиски и пријателски народи на Србија, дека Србија не затвора очи и е на страната на меѓународното право, како и дека покажува хуманост и емпатија со украинскиот народ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани