Генерал Кивинен: Финска со децении се подготвува за руски напад

Од:

Финскиот генерал Тимо Кивинен денеска изјави дека Финска со децении се подготвува за руски напад и би пружила силен отпор доколку тоа се случи.

– Нашата земја изгради значителен арсенал на оружје, но покрај воената опрема, клучен фактор е тоа што Финците ќе бидат мотивирани да се борат. Системски ја развивме нашата воена одбрана за тип на војување како во Украина, со масовно користење на оклопни сили, но и на воздухопловните сили, посочи генерал Кивинен.

Тој додаде дека „Украина е тежок залак за Русија, а тоа би била и Финска“.

Генерал Кивинен ја поздрави одлуката на Финска за членство во НАТО.

– Членството во НАТО ќе и овозможи на Финска да го зајакне својот капацитет за рано предупредување со тоа што ќе биде дел од заедничката контрола на воздушниот простор на Алијансата … Сепак, Финска ќе продолжи да ја носи главната одговорност за одбраната на Финска, наведе генерал Кивинен.

Финска до 18 мај беше неутрална држава, кога заедно со Шведска официјално поднесе барање за членство во Северноатлантската алијанса.

Од Втората светска војна, Финска одржува високо ниво на воена подготвеност. Оваа нација од 5,5 милиони луѓе има воена сила од околу 280.000 војници со 870.000 обучени резервисти. Финска не ја укина воената обврска за мажите, како што направија многу други западни земји по крајот на Студената војна.

Финска одвојува два отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана, што е повисоко ниво на трошоци од многу земји-членки на НАТО.

Во анкетата на финското Министерство за одбрана спроведена на 18 мај, околу 82 отсто од испитаниците изјавиле дека би биле подготвени да учествуваат во националната одбрана доколку биде нападната Финска.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот