Томовски: Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа

Од:

„Предлогот од Париз владата го прифаќа, а ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, ајде на избори, народот нека одлучи. Дипломати во земјава и поранешни високи владини функционери потврдуваат дека владата на Ковачевски дала пас за предлогот од Париз“, рече Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот за ставање на бугарските барања во рамките на преговорите со ЕУ е одобрен од Ковачевски и Османи, и тој мора да поминал низ каналите на комуникација помеѓу МНР и Француската Република.

ВМРО-ДПМНЕ не калкулира со македонските национални интереси, како што тоа го прави СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го отфрла предлогот од Париз и смета дека тој води само кон асимилација на Македонците и бугаризација на државата. Предлогот не почива на европските вредности, туку на правилото на посилниот.

Ковачевски кој дал дозвола за предлогот да биде пуштен во јавноста, треба да собере храброст и да го признае тоа пред јавноста. Ниту еден наш партнер нема да прави никаков чекор, без притоа за тоа да добие усогласеност на ставовите помеѓу двете страни.

Ковачевски е виновен што воопшто го прифатил овој предлог. И со тоа направил голема штета.

Но еве, доколку Ковачевски смета дека предлогот е добар, тогаш ајде на избори. Тој со ставот дека предлогот од Париз е добар и дека според него треба да се реши проблемот со Бугарија, а ВМРО-ДПМНЕ со ставот дека предлогот е штетен за нацијата и државата и дека треба веднаш да биде отфрлен. Па народот нека избере“, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО