Утврден Предлог-законот за потрошувачи кој предвидува санкции за нечесни трговски практики

Од:

Владата на денешната редовна 54-та седница, ги разгледа и утврди Предлог-законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка и Информацијата за потребата од изготвување на Закон за нефер трговски практики со цел заштита на правата на потрошувачите.

Со овие предложени закони, Република Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот со востановена законска пракса на нефер трговски практики. Според предложените измени, согласно европските регулативи се обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите и гаранција на полесни услови за деловно работење, и се избегнува појава на нерамнотежа во преговарачката моќ помеѓу добавувачите и купувачите на земјоделски и прехранбени производи.

За повреда на потрошувачките права се предвидува право на надомест на штета, сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, а за трговците следат глоби во износ од 500 до 10.000 евра, во зависност од тоа дали се работи за микро или големи трговци, а во некои случаи се предвидува и забрана за вршење на дејност во траење од три месеци до две години.

Би можело да ве интересира

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи бара Организацијата на портошувачи

ОПМ: Граѓаните да бидат солидарни, да не ги стигматизираат лицата со Ковид-19

Ана Ололовска

Организација на потрошувачи: Со покачувањето на цената на струјата во прашање се доведува економската безбедност на граѓаните

А1он

По онлајн нарачка „Тинекс“ ѝ доставил мувлосани мандарини и лимони на скопјанка во домашна изолација

Маја Илиевска-Пачемска