Формално не сме го добиле францускиот предлог во МНР, вели Османи

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека МНР нема формално досега не го добил францускиот предлог кој е најавен како можно решение за спорот со Бугарија.

Претседателот на собраниската комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски преку писмо побара од Османи да ги достави до парламентот протоколот и преговарачката рамка за пратениците да расправаат по нив, но министерот демантираше дека добил официјален предлог од Париз.

Прво – формално досега не е добиен Француски предлог како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите – членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација; оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела.

Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година, и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години. Оттука нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија“, истакна Бујар Османи.

Министерот е согласен да се утврди термин за настап пред Комисијата за надворешна политика, иако таму не секогаш се чувствувач добредојдено и пријатно, но притоа Антонио Милошоски како претседател да закаже седница за избор на неколку клучни амбасадори.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк