Прв случај на вработени во малопродажбата на Епл да се приклучат на синдикатот

Од:

Вработените во Епл во американската сојузна држава Мериленд синоќа одлучија да гласаат за приклучување кон синдикат, со што станаа првите од малопродажбата во тој технолошки гигант што се обединија синдикално во САД.

Повеќе од сто работници во Таусон, во близина на Балтимор, „гласаа со големо мнозинство да се приклучат на Меѓународната асоцијација на инженери и работници во воздухопловство “, објави синдикатот на својата веб-страница.

Локалните работници, собрани во Коалицијата на организирани работници во малопродажбата, „ја имаат поддршката од солидно мнозинство од нашите соработници“, напишаа тие во писмото до извршниот директор на Епл, Тим Кук.

„Ние не го правиме ова за да се спротивставиме или да создадеме конфликт со нашата администрација“, напишаа тие.

Синдикалното организирање зема замав во некои големи американски корпорации, вклучувајќи ги Амазон и Старбакс.

Работниците во Епл во Атланта кои имаа намера да се обединат синдикално го повлекоа таквото барање минатиот месец, наведувајќи го заплашувањето како причина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

„Епл” сака да го отстрани „Твитер“ од продавницата „Ап стор”, Маск збесна

А1он

Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

Ана Ололовска

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година

Ана Ололовска

„Епл“ достигна пазарна капитализација од 3.000 милијарди долари

А1он

Епл тужи израелски производител на шпионски софтвер

А1он