Силниот земјотрес, што со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Нов Зеланд, нанесе штети врз станбени згради и патишта.
Земјотресот го погоди новозеландскиот Јужен остров, по што следуваа најмалку шест вторични потреси со интензитет од над пет степени.
– На неколку станбени згради во близина до епицентарот им се откорнале фасадите и покриците, изјави портпаролот на полицијата Барбара Дан.
Таа истакна дека се нанесени значителни штети на мостот на главната магистрала на островот.
Неколку згради во престолнината Велингтон беа евакуирани. Градоначалникот на Велингтон Селиа Браун изјави дека нема големи штети врз градската инфраструктура.