Либија се закани дека ќе изведе воен напад на секој брод кој ќе се закотви на нејзиниот брег, а превезува нафта за црниот пазар.
Премиерот на Либија, Али Зејдан доцна синоќа издаде предупредување, три недели после акцијата на чуварите на нафтените терминали кои „ги запоседнаа“ терминалите за доаѓање на бродовите во нивната организација поради сопствен профит.
– Секое пловило кое нема договор со Националната нафтена компанија, ако пријде кон терминалите ќе биде бомбардиран од воздух и од море, предупреди либискиот премиер, дополнувајќи дека за ова предупредување има поддршка од Генералниот национален конгрес, највисоко политичко тело во Либија.