Вооружен маж со автомобил упаднал во строго чуваниот центар на Исламабад

Од:

Вооружен маж, со својот автомобил синоќа се протнал во строго обезбедуваниот центар на Исламабад, запрел во близина на претседателската палата и пукал во воздух, барајќи воведување на исламска управа во Пакистан, пренесоа светските агенции.

Тој на неколкуте полицајци кои зазеле позиции околу палатата им изјавил дека бара владата да биде соборена и без контрола пукал во воздух.

– Јас сум против вулгарност и неморал. Моите истомисленици зазедоа позиции низ цел Пакистан, изјави неидентификуваниот маж за локалната телевизија.

Стотици минувачи се насобраа на централниот булевар „Џинах“, а од местото на инцидентот периодично се слушаа истрели.

Надреалистичната сцена во живо се пренесува на телевизија.

Црниот автомобил е запрен на средина од булеварот, а во него освен вооружениот маж се наоѓаат уште и неговата сопруга и двете негови деца.

И покрај тоа што очигледно дејствува сам и изгледа збунет при изнесувањето на своите барања, останува нејасно како овој човек со најмалку две автоматски огнострелни орудија успеал да се протне преку мноштвото контролни пунктови, да го парализира центарот на градот и да им се спротивстави на полицајците и единиците за борба со тероризмот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица