Нинисто: Финска нема да влезе во НАТО без Шведска

Од:

Финска нема да влезе во НАТО без Шведска, изјави финскиот претседател Саули Нинисто на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера во Хелсинки.

– Велам дека случајот со Шведска е и наш. Тоа значи дека одиме рака под рака, истакна Нинисто.

Столтенберг рече дека НАТО нема рок до кој би требало да ги прифати нордиските земји во своето членство.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.

Според Столтенберг, загриженоста за безбедноста што ја искажа Турција во нејзиното противење за барањата за членство на Финска и Шведска во НАТО е легитимна.

– Тоа се легитимни грижи. Се работи за тероризам, се работи за извоз на оружје, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со Нинисто во неговата летна резиденција во Нантали.

Столтенберг рече дека Турција е клучен сојузник за Алијансата поради нејзината стратешка локација на Црното Море меѓу Европа и Блискиот Исток и ја наведе поддршката што и ја пружила на Украина откако Русија го нападна својот сосед на 24 февруари.

Според него, важно е да се забележи дека ниту еден друг сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција, и затоа нејзината загриженост мора да се сфати сериозно.

Столтенберг додаде дека самитот на Алијансата во Мадрид никогаш не бил краен рок за одобрување на кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста