Кузеска: Обвинителството да ги испита наводите за закани и рекет врз бизнисмени од Мицкоски

Од:

Јавноста деновиве слушна сведоштва на бизнисмени но и на актуелни градоначалници како Христијан Мицкоски се заканувал и вршел притисоци за одредени тендери во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Шемата е иста како онаа неговиот ментор Никола Груевски и неговиот 11 годишен режим чиј дел беше и самиот Мицкоски рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Ова се сериозни обвинувања од страна на бизнисмени и градоначалници за сериозна вмешаност на Мицкоски во незаконско постапување. Јавното обвинителство мора по допрен глас да ги истражи овие наводи. Ова е особено важно по последната пресуда за Талир 2 и докажаните шеми на криминално функционирање на ВМРО-ДПМНЕ. Како на пример и случајот со плацевите на Водно каде меѓудругото и Никола Груевски доби судска казна со 7 години затвор и конфискување на тајниот имот бВажно е да се испита дали такви криминални шеми постојат и сега под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да излезе од криминалната и режимска матрица, оваа партија знае само за одбрана на криминал, за закани и уцени вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО