Ферари ги негираше неодамнешните гласини дека води преговори за враќање на Кими Раиконен во тимот.
Во одговор на информациите во финските медиуми, портпаролот на Скудерија, рече дека во моментов тимот не е заинтересиран за пазарот на пилоти.
Раиконен е споменуван за разделба со Лотус од следната сезона, а фаворит е и за местото на Марк Вебер кај шампионите од Ред бул. Неговиот сегашен тим има сериозни финансиски потешкотии и според различни информации повторно доцнат со неговата плата.
Првите шпекулации за враќањето на пилотот во Ферари се појавија пред две недели. Вчера финскиот весник “Илта-Саномат” ги разгоре страстите со информациите дека Раиконен веќе ја прифатил понудата на Скудерија.