Шолц на дводневна турнеја во Западен Балкан

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на дводневната турнеја низ Западен Балкан, денеска ќе ги посети Приштина и Белград, а потоа и Северна Македонија, Грција и Бугарија.

Според најавата на германската влада, тој прво ќе престојува во Приштина, каде меѓу другото ќе ги посети германските војници во рамките на КФОР. Потоа ќе пристигне во Белград каде ќе има разговори со државниот врв на Србија.

Вечерта ќе отпатува за Грција на покана на неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис.

Шолц ќе присуствува на вечера во Солун со претставници на земјите од регионалната иницијатива „Процес за соработка во Југоисточна Европа“ (ПСЈИЕ).

Шолц утре ќе ги посети Северна Македонија и Бугарија.

Во фокусот на балканската турнеја ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан и придонесот на Германија за подобрување на регионалната соработка и надминување на билатералните блокади. Покрај тоа, клучна тема на разговор ќе биде, како што е соопштено во Берлин, заедничката реакција на руската агресија врз Украина.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Владата на германскиот канцелар Олаф Шолц и официјално поднесе оставка

А1он

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Шолц сака да остане член на Бундестагот

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он