Израелските сили убија Палестинец во судири на Западниот Брег

Од:

Израелски војници денеска убија Палестинец, а ранија шестмина други за време на судири со луѓе кои фрлаа камења врз нив на Западниот Брег, соопштија палестински медицински претставници.

Инцидентот во градот Халул, во близина на градот Хеброн, се случил откако израелските војници влегле и затвориле менувачница.

Палестинското Министерство за надворешни работи го оквалификува убиството на 27-годишен маж како „егзекуција“ и повика на меѓународна заштита за Палестинците.

Во насилствата на Западниот Брег од јануари оваа година, беа убиени најмалку 47 Палестинци и 19 Израелци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци