Зузана Хејнова од Чешка е нова светска шампионка на 400 метри со пречки, откако вечерва во Москва славеше со време 52.83 секунди.
За Хејнова ова беше нов личен, но и национален рекорд на Чешка, а зад неа се најде американското дуо Далила Мухамад и Лашинда Демус која досега беше актуелен шампион.
За 26-годишната Хејнова ова е најголем успех во кариерата, откако досега тоа беше бронзениот медал од Олимпијадата во Лондон.