Методот на прекинување на сексот пред ејакулација, кај младите генерации е се уште популарна, иако се покажува како несигурна, покажува студија на американскиот универзитет Дјук.
Според резултатите, секоја трета девојка (31 отсто) на возраст од 15 до 24 години го користи овој метод, во кој мажот го вади својот полов орган пред ејакулацијата.
Меѓу жените кои се потпреле на овој метод, 21 отсто останале бремени, додека кај тие кои користеле презервативи, пилули или друг облик на контрацепција, таа бројка е 13 отсто.
– За некои жени, сигурните видови на контрацепција се премногу голем ангажман и претходно планирање, па поради тоа повеќе им одговара природниот метод – вели Кери Братен, гинеколог од Бостон.