СДСМ: Доста беше театар во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа

Од:

Во време на најголема економска и енергетска криза премногу се опструира, се прави вештачка тензија и еден вид театар во македонското Собрание реагираат од СДСМ откако со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Тој избор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат концепт, не знаат каде тераат и што е многу поважно покажува дека не сакаат да им помогнат на ниту еден начин на граѓаните. Пратениците се избрани од граѓаните и треба да работат за граѓаните. Собранието треба да биде функционално во интерес на граѓаните. Доста беше тетар, опструкции, тензии, не поминува тоа и нема никаков ефект. Слики како оние од 27 ми април или оние од 24 декември нема да дозволиме да се повторат. Редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски