(ВИДЕО) Големо интервју на Лавров за Радио-телевизија на Република Српска: Западот сака да ги принуди Хрватите …

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде долго интервју за Радио-телевизија на Република Српска. Тој му порача на Западот дека неговата политика за проширување на НАТО ќе заврши лошо, а потоа зборуваше и за ситуацијата на Балканот.

Тој ги повтори тврдењата дека Западот се обидува незаконски да ги охрабри активностите на Сараево за донесување на надворешно-политички одлуки без да ги земе предвид ставовите на Република Српска и дека тоа е најгрубото кршење на Дејтонскиот договор.

„Ставот на БиХ, се разбира, е важен само ако се потпира на дејтонските принципи, во кои се наведува дека сите одлуки се носат само со согласност на двата ентитета и трите конститутивни народи. Она што Западот се обидува да го направи сега е незаконски да ги охрабри активностите на Сараево да донесува одлуки за надворешната политика без да го земе предвид мислењето на Република Српска – тоа е најгрубото кршење на Дејтон“, рече Лавров.

Тој додаде дека „Западот прави сè, во рамките на така-наречените реформи на бирачкиот процес, за да ги натера Хрватите да прифатат дека, како и претходно, во заедничките институции на БиХ ќе бидат претставени од Бошњаци или луѓе кои целосно политички се согласуваат со Бошњаците“.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Лавров: Косово е „територија на целосно беззаконие“

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе