Тренерот на Лијеткабелис Ненад Чанак беше во центарот на инцидентот во третиот натпревар од финалната серија на литванската лига.
What is happening in the Lithuanian basketball league final ?
Lietkabelis head coach Nenad Canak just pushed Rytas HC Giedrius Zibenas. Then he got into a clash with the owner of Vilnius club ?
? @betsafeLKL pic.twitter.com/VU5q3ElTjK
— BasketNews (@BasketNews_com) June 1, 2022
Се започна кога кошаркарот на Ритас, Арнас Буткевичиус, ненамерно го удри со лакт Довидас Гедраитас, по што тој заврши на земја, а судиите решија да не го прекинат натпреварот. После тоа играчите на домашната екипа постигнаа поени, што го налути Чанак.
Поранешниот тренер на Партизан им се развикал на судиите незадоволен од одлуката и на крајот бил исклучен. На пат кон соблекувалната налета на противничкиот тренер Гидриус Зибенас, по што се тетерави и за малку ќе паднеше. Чанак потоа му сигнализирал дека не треба да стои таму.
Интересно е што никој од собраните околу клупата на Ритас не реагираше на ова, но еден од сопствениците на тој тим Дариус Гуделис беше видно незадоволен. Тој стигна до работ од трибините во близина на тунелот кон соблекувалната и почна да му вика на Чанак, потенцијално сакајќи физичка пресметка со него. Набрзо се вклучија и други актери, со што се спречи понатамошна ескалација.
Во одбрана на Чанак истрча и кошаркарот на Лијеткабелис, Ѓорѓе Гагиќ, но немаше потреба да му се меша.
Финалната серија моментално е изедначена во оваа ситуација и не е чудно што двете страни се понервозни.