Русија ќе распореди хиперсонични ракети Циркон

Од:

Русија го заврши тестирањето на својата хиперсонична крстосувачка ракета Циркон и најави дека до крајот на годината ќе ја распореди на новата фрегата на својата Северна флота.

Командантот на Северна флота, Александер Моисејев изјави дека фрегатата „Адмирал Головко“ ќе биде првапостојано вооружена со Циркон.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја опиша ракетата Циркон како дел од новата генерација оружје „какво што нема никој“, што е деветпати побрза од брзината на звукот.

Хиперсонични ракети Циркон се лансираат од брод или подморница. Првото официјално пробно лансирање беше во октомври 2020 година и тогаш летаа со девет маха. Циркон беше тестирана и во октомври 2020 година на рускиот Арктик, главно од фрегатата „Адмирал Горчков“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск