Нуредини: Доколку настапи влошување на квалитетот на воздухот, јавноста ќе биде веднаш информирана

Од:

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, ја посетија опожарената инсталација на компанијата „Пофикс“ во Тетово. При посетата, се сретнаа со сопствениците на компанијата и разговараа за потребните мерки и поддршка за санација на штетите, извести Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Нуредини информираше дека внимателно се следат податоците за состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух од мониторинг станицата во Тетово. Согласно часовните податоци, во текот на претпладнето забележано е само мало покачување на часовни концентрации на ПМ 10 честичките, но во моментот нема место за паника.

Доколку настапи какво било влошување на квалитетот на воздухот, јавноста и општината ќе бидат веднаш информирани за преземање на мерки за заштита, велат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот