Роналдињо ги сменил предните заби, потврди братот и агент на плејмејкерот Роберто Азис пред бразилскиот сајт globoesporte.com.
“Изгледот, обликот и бојата. Тоа се промените. Тој тренира нормално, во никој случај не е под влијание на интервенцијата”, отсече Азис, споделувајќи пред најверните обожаватели на својот брат.
Вчера 33-годишниот Роналдињо посетил стоматолог во Бело Оризонте кој користил порцелански фасети за промената.
Ѕвездата ќе ја покаже новата насмевка утре, кога неговиот Атлетико Минеиро се соочува во првенство против Баија.