ВИДЕО: Претседателот Пендаровски во посета на Уставниот суд

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд на Република Северна Македонија на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска, информираат од кабинетот на претседателот.

За време на посетата, на која присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа.

Претседателката на судот посочи на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претстави техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.

На средбата беа пренесени и неколку иницијативи во однос на исполнувањето на надлежностите на судот, вклучувајќи ја можноста за воведување на уставна тужба со проширување на надлежностите на Уставниот суд.

Претседателот Пендаровски ја истакна потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови, се додава во соопштението од кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски